Сите берзи се во пад

Од:

Главните берзански индекси во Лондон и низ Европа паднаа во првите часови од тргувањето утринава, откако стапија на сила царините наметнати од актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Лондонскиот FTSE 100 падна за 2,2 отсто во почетокот на тргувањето, со што се смени поголемиот дел од добивките во вторникот.

Германскиот индекс DAX падна за околу 2,3 отсто, додека францускиот CAC 40 за 2,4 отсто. Во минус беше и шпанскиот IBEX индекс со пад од 2 отсто.

Азиските берзи остро паднаа утринава бидејќи требаше да стапат на сила царините од 104 отсто за кинескиот увоз во САД, додека доларот ослабна во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франк, побезбедни валути во неизвесни времиња.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше во минус за речиси 2 отсто во 7:00 часот.

Јапонскиот индекс Никеи потона за повеќе од 4 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6 и 1,9 отсто. Во Шангај, пак, тие благо се зголемија.

Откако вчера Никеи скокна за 6 отсто, поттикнат од надежите на инвеститорите за разговори меѓу Јапонија и САД за царините, утрово загуби голем дел од добивките.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот индекс Коспи падна на повеќе од 20 отсто под рекордното ниво.

Би можело да ве интересира

12 американски држави го тужат Трамп поради царините

Трамп повторно го турна Волстрит, доларот на најниско ниво во последите три години

Американците парализирани од тарифите на Трамп: „Не можам веќе да следам“

Доларот на најниско ниво во последните три години

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот

Пекинг ги исмева царините на Трамп: „MAGA капите се произведуваат и во Кина, сега се многу поскапи“

Катерина Ѓуровски