Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Жител на Крива Паланка возел 142 км/ч на место обележано до 70 км/ч

На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час.
Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известува МВР.
Македонија
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона

На 19.04.2025 во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, струшко, кој со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“, известуваат од МВР.
Македонија
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (21 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (20 април)
-
Кичево1 ден
(ГАЛЕРИЈА) Кичевскиот храм Св.Петар и Павле за „Воскресение Христово – Велигден“ преполн со верници
-
Македонија1 ден
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона
-
Култура2 дена
Радувајте се Православни Христијани, Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Култура2 дена
Ова се најубавите Велигденски пораки, сподели радост, посакај здравје и среќа!
-
Македонија1 ден
Жител на Крива Паланка возел 142 км/ч на место обележано до 70 км/ч
-
Свет1 ден
Најстариот активен американски астронаут Дон Петит се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS) на својот 70-ти роденден.