Андреј ДНК беше и важеше хуман лик, а токму таков и замина од овој свет со мисла да помогне секому, па дури и да го даде животот.
За неговиот херојски потег на кобната ноќ каде за последен пат беше на сцена, веќе знае и зборува секој, но и тоа што за жал меѓу многумина и херојот замина кај ангелите.
Колегите од естрадата со тешко срце се збогуваа од него, а меѓу нив и неговиот школски другар, познатиот тапанар Гаро Тавитјан Јуниор кој напиша:
-Андреј, почивај во мир пријателе мој, другар мој… Нашето пријателство започна уште во средношколските денови во музичко кога сонувавме за музиката и животот, кога делевме клупа. Отсекогаш беше прекрасен човек со прекрасен дух и многу длабоки мисли. Човек со природна интелигенција, со многу таленти, со многу музика во себе, неуморен, огромна добрина, големо срце, вистинско другарство, вистински зборови, вистински совети и мудри мисли, со човечка големина колку планина, човек кој на секого му помагаше и на секого ке му се најдеше во секој миг уште од средношколските денови ! Толку поминавме заедно, ме научи многу работи и за музиката и за животот уште пред 30-тина години кога те запознав во 1995-та, учевме еден од друг !
Заедно ги направивме и првите промоции на соло албуми и спотови, делевме и сцена и соништа!
Само пред два дена се договоривме нешто јас и ти…..:(((
Даде се што имаше за да спасиш животи. Не сум го видел тоа во целиот мој живот, голем човеку ! Го даде своето срце за да спасиш други срца. Претажен сум да допишам уште нешто од толку многу случки во овој контекст и не можам од солзиве кои ми одат
Никогаш нема да те заборавам Андреј, никогаш. Непребол си другару мој прекрасен.
Искрено сочувство до сите семејства на прекрасни уметници и млади луѓе кои трагично ги изгубија животите :((( стои во последниот поздрав на Гаро, а во дополнување видео од неговото гостување каде свири на тапаните за познатата „Благодарам однапред“.
Според исказите на очевидци, Андреј Ѓорѓиески првично успеал да се спаси, иако со тешки изгореници излегол надвор, но тргнал назад, се вратил по вторпат внатре во клубот за да спасува деца и тогаш паднала запалената конструкција од кровот врз него. Сопругата го идентификувала по часовникот.
фото:Facebook/ Garo Tavitjan/ Andrej Gjorgjieski- Stefan Samandov