Бизнис
ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ЗА ВЕНЕЦУЕЛА ЈА КРЕНАА ЦЕНАТА НА НАФТАТА
27.03.2025
Цената на нафтата порасна на светските берзи во средата. Барел нафта на лондонскиот пазар достигна 73,90 долари, додека на американскиот 69,94 долари.
Растот беше поттикнат од комбинација на фактори: силната побарувачка во САД, потврдена со падот на залихите и геополитичките тензии околу американските царини за увозот на нафта од Венецуела, пренесуваат агенциите.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување секундарни царини од 25 отсто за земјите кои купуваат нафта од Венецуела од 2 април. Венецуела, која со години зависи од извозот на нафта, може да изгуби повеќе од 4,9 милијарди долари годишно, што е повеќе од 10 отсто од нејзиниот БДП.
Во исто време, залихите на сурова нафта во САД се намалија за 3,3 милиони барели, што укажува на силна домашна побарувачка, пренесува Блиц.
фото freepic