„Почитувана публико,
Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, изведбата на претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на Црногорско народно позориште, која беше планирана да се изведе на 17 март во 20:00 часот, се откажува поради големата несреќа.
Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот.
Ви благодариме на разбирањето.
Фото: Архива