Четрвти ден од исчезнувањето на лице од штипско Степанци, во потрагата се вклучуваат извидници и ловџии

Од Деан Лазаревски — сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=153710873
Од Деан Лазаревски — сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=153710873

Продолжува потрагата по исчезнатото повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Лицето последен пат било видено на 5 април 2025 година, а за исчезанто било пријавено на 7 април 2025 година во 16:20 часот на бројот за итни случаи 112.

– За неговото исчезнување се известени МВР Штип и Општина Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани кои можат да помогнат и помагаат во потрагата, информира Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.

Вчера од роднини и пријатели е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци и околу другите блиски села. Претходниот ден (8 април 2025 година) во потрагата биле вклучени 15 лица, меѓу кои и двајца вработени од РЦУК Штип, кои доброволно се вклучиле во потрагата.

– Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. И жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села, се наведува во соопштението од ЦУК. 

Зачлени се на нашиот е-билтен