ЕУ придонесува: САД да го дефинираат својот став за царините

По неколкучасовни разговори со трговските претставници на САД, „сè е во ваши раце“, соопшти Европската комисија, пренесе Еуроњуз.

Комесарот за трговија Марош Шефчович го повтори предлогот на ЕУ за реципрочни царини од нула до нула за индустриски стоки, вклучително и автомобили, за време на „многу фокусиран и продуктивен состанок“ со американските колеги во понеделникот (14 април) во Вашингтон, рече портпаролот Олоф Гил, додавајќи дека следниот чекор е во рацете на САД.

Во извештајот од состанокот, Гил напиша дека прекумерниот капацитет во секторите за челик и алуминиум е исто така во опсегот на тековните дискусии, како и отпорноста на синџирите на снабдување во полупроводничките и фармацевтските сектори.

Шефчовиќ беше придружуван од началникот на кабинетот на претседателот на ЕК, Бјорн Зајберт, додека двајцата се состанаа со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

„ЕУ го дава својот придонес. Сега останува на САД да ја дефинираат својата позиција. Ќе ни треба дополнително ниво на посветеност од САД за да продолжиме да ја движиме топката напред. Тоа навистина зависи од нив“, рече Гил.

„Во моментов се водат дискусии меѓу експертите од двете страни, додека политичкото ниво се надеваме дека ќе може да донесе одлуки за областите што ќе бидат вклучени во евентуалниот договор или не“, рече заменик-портпаролот на Комисијата Аријана Подеста.

Вашингтон воведе царини од 25 отсто за увоз на алуминиум, челик и автомобили од ЕУ. Дополнителна царина од 10% се применува за повеќето други европски извозни стоки наменети за американскиот пазар.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекори ЕУ за нејзините наводни нефер трговски услови, а американските власти го обвинија Брисел за ограничување на пристапот до пазарот преку сложена мрежа на регулативи. САД подготвија долг список на поплаки, особено во санитарниот, фитосанитарниот и дигиталниот сектор.

Комисијата постојано ги повторуваше своите црвени линии во преговорите со САД.

„Стандардите на ЕУ, особено кога станува збор за храната, здравјето и безбедноста, се неприкосновени“, рече Гил, отфрлајќи ги сите преговори за овие одредби, како и „одредбите поврзани со технологијата и дигиталниот пазар“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното