Нобеловецот за литература и еден од најголемите современи писатели, Марио Варгас Љоса, почина на 89-годишна возраст во главниот град на Перу. Ова го објави неговото семејство на социјалната мрежа Х.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот татко Марио Варгас Љоса почина денеска во Лима, опкружен со семејството и во мир“, напиша неговиот најстар син Алваро во пораката потпишана и од неговиот брат и сестра Гонзало и Моргана Варгас Љоса.
Во последните месеци се појавија гласини за влошеното здравје на писателот. Во октомври неговиот син Алваро изјави дека е „на прагот на 90-тите и дека треба малку да го намали интензитетот на секојдневниот живот“.
Роден во перуанско семејство од средна класа, Варгас Љоса беше еден од големите претставници на латиноамериканскиот литературен „бум“ од 1960-тите и 1970-тите, заедно со Колумбиецот Габриел Гарсија Маркез и Аргентинецот Хулио Кортасар.