• среда, 30 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штип УГД и Струмица 47&72 финалисти во одбојкарскиот Куп на Македонија

Штип УГД и Струмица 47&72 финалисти во одбојкарскиот Куп на Македонија


Радовиш, 4 април 2025 (МИА) – Одбојкарите на Штип УГД и Струмица 47&72 ќе се соочат во финалето на завршниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) што се одржува во спортската сала „25. Мај“ во Радовиш.
Штип УГД и Струмица 47&72 ги оправдаа фаворитските улоги кои ги имаа во полуфиналните дуели и борбата за куп пехарот, ќе претставува реприза на ланското финале во Кавадарци.
Штип УГД во првиот полуфинален натпревар во четвртокот со 3:0 (25:13, 25:22, 25:20) го совлада Работнички 71&22, додека Струмица 47&72, исто така, со максимални 3:0 (25:13, 25:18, 25:18) го совлада Борец.
Годинешното финале ќе биде реприза на борбата за куп трофејот од лани во Кавадарци, кога Штип УГД беше поуспешен од Струмица 47&72.
Машкото финале во Купот на ОФМ 2025 ќе се игра в сабота од 19 часот. ег
ФОТО: ОФМ

Остани поврзан