Шок во Лондон: Арсенал остана без клучен дефанзивец до крајот на сезоната!

Арсенал и тренерот Микел Артета се соочуват со големи проблеми откако беше потврдено дека стоперот Габриел Магаљаеш дефинитивно го пропушта остатокот од сезоната поради повреда заработена на натпреварот против Фулам. 

Бразилскиот дефанзивец беше заменет уште во 16. минута во малото лондонско дерби, а дополнителните прегледи покажале дека се работи за повреда која наверојатно ќе го примора на операционен зафат. 

Ова е голем удар за стручниот штаб кој го подготвува тимот за четвртфиналниот двомеч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, бидејќи Габриел беше клучна алка во одбраната и сезонава одигра вкупно 38 натпревари, а на најголем дел од нив беше во почетниот состав. 

„Топчиите“ ќе го пречекаат славниот Реал Мадрид на осми април, а реваншот во Шпанија ќе се одигра осум дена подоцна.