• Зоран Мишевски

Со победата на Вардар во Струмица, скопските „црвено-црните“ се доближија до седмопласираниот Пелистер и бегаат од опасната зона. Иако двата ривали не се математички сигурни, сепак се наоѓаат на чекор и од математички опстанок. Многу веројатно меѓу 33 и 35 бода ќе бидат доволни за директен опстанок, без одигрување на бараж натпревар.
Беса, Тиквеш, Воска Спорт и Брера Струмица ќе се борат да ги избегнат последните две места кои водат во Втората лига (ВМФЛ) и десеттата позиција која носи бараж против третопласираниот тим во второлигашката конкуренција.
Еве го распоредот на четирите тима до крајот на шампионатот:
Беса - 24 бода:
Силекс (г)
Шкендија (д)
Вардар (г)
Брера (д)
Тиквеш (г)
Воска Спорт (д)
Пелистер (г)
Тиквеш - 22 бода:
Вардар (г)
Брера (д)
Пелистер (г)
Воска Спорт (г)
Беса (д)
Шкупи (г)
Струга Трим Лум (д)
Воска Спорт - 22 бода:
Шкендија (г)
Вардар (д)
Брера (г)
Тиквеш (д)
Пелистер (г)
Беса (г)
Шкупи (д)
Брера - 21 бод:
Пелистер (г)
Тиквеш (г)
Воска Спорт (д)
Беса (г)
Шкупи (д)
Струга Трим Лум (г)
Работнички (д)
Од сите четири екипи, во Купот на Македонија свои обврски има само уште Брера, која може да одигра два или три натпревари во полуфиналето и во хипотетичко финале. Сите останати три екипи имаат седум првенствени дуели, од кои три играат на домашен и четири на гостински терен.