Утрински Весник
Свет

Во израелски воздушен напад врз Газа загинаа 15 лица

Gaza56.jpg

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека најмалку 15 лица загинале денеска в зори во израелските воздушни напади врз северниот дел на Појасот Газа по повикот на израелската армија за евакуација.

Портпаролот на цивилната одбрана, Махмуд Басал, рече дека нападот бил насочен кон неколку куќи во населбата Шуџаја во градот Газа. „Уште неколку луѓе се заробени под урнатините“, додаде тој.


Израелската војска упати нов повик за евакуација на жителите на Шуџаија и други делови на северниот дел на Појасот Газа.

„Израелската армија оперира со голема сила во вашите области за да ја уништи терористичката инфраструктура на палестинското исламистичко движење Хамас“, рече портпаролот на армијата на арапски јазик, Авичај Адраи, во објава на „Икс“.

Морате веднаш да ги напуштите овие области и да отидете во познатите засолништа во западниот дел на градот Газа“, додаде тој.

Можете да прочитате

Лековите како Оземпик може да предизвикаат промени во мозокот поврзани со депресија

Дел од советска сонда, лансирана пред 53 години, наскоро може да падне на Земјата

Прекин на струјата во Шпанија и во Португалија денес, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови