Протест на ССМ – Се бара минимална плата од 500 евра - не може да има за пратениците, а да нема за работниците!

Највисоките тела во Сојузот на синдикати на Македонија ги испратија своите пораки до Властите од нивната денешна јавна седница. Маршот го започнаа со присутни 300 пред собрание три спрема еден со бројот на пратеници и завршија со 1080 колку што има функционери. Се бара запирање на политичките притисоци и напади врз синдикатите. Претседателот на ССМ слободан Трендафилов со порака и до премиерот Христијан Мицкоски и сите останати избраници заедно да земаат минимална плата од 500 евра, а да се зголемат останатите плати за 100 евра.

Трпе Деаноски пак претседател на УПОЗ истакна дека ова е прва Влада која одлучила за висината на минималната плата без да разговара со синдикатот.

Маршот пред да пристигне кај Влада застана и кај стопанска комора од каде ги предупредија работодавачите дека доколку нема реален пораст на минималецот тие ќе бидат вистинските виновници што квалитетната работничка сила си заминува од државата и ќе дојде време кога ќе нема да можат да најдат работници за што младите не ни сакаат да помислат да работат за плата која што сега се дава.

Од другата страна пак се на ставот дека висината на минималната плата е легитимна и утврдена согласно критериумите во Законот за минимална плата. И по закон мора да се објави висината на минималецот за да не би дошло до блокирање на целата држава, а висината од 1800 е донесена согласно законот.