Мицкоски се пофали: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави добра вест.

Како што вели, Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“.

„Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“. Зад Македонија, напиша Мицкоски, се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија. Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!“, вели Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното