• Мартин Танасковски

Рудолф Сафранко беше еден од најдобрите играчи на Охрид во плеј-оф дуелот против Еурофарм Пелистер, кој „рибарите“ го загубија со 23-26. По средбата играчот истакна дека жали за пропуштената шанса, затоа што сите од Охрид заслужиле резултат против првакот.
„Останува баш голема жал за неискористената шанса. Цел меч бевме во игра, игравме на нож, еден разлика беше во прво, во вториот дел беше еден до два разлика за едните и за другите. Ни останува голема жал за тоа што не ги искористивме некои прилики во нападот, а примивме и доста лесни голови. Имавме голема поддршка од трибините и тешко ми паѓа што не дојдовме до прва победа над Еурофарм Пелистер.“, изјави Сафранко.
Охрид во следното коло од плеј-офот го чека уште една тешка задача, затоа што гостува кај Вардар 1961.