Веќе десетина дена Битола како и години-години наназад е окована од пелагонискиот сињак при тоа голем број на битолчани депресивното магливо време го заменија со сонцето и чистиот воздух на Пелистер.Како “прави“ битолчани тројцата спортисти од Србија кои настапуваат за ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и кошаркаркиот клуб Пелистер од Битола, Урош Борзаш, Богдан Радивојевиќ и Никола Мишковиќ, неколку часа избегаа од сињакот и уживаа на Бегова Чешма, а од таму со жичарницата се упатија на Копанки, а се напија чај и кафе во “Молика“.
Нивното присуство предизвика интерес кај битолчани кои забележаа познати ликови на Бегова Чешма и на ски-патеката “Копанки“, а некои со прави рекоа дека можеме на тројцата да им дадеме и “битолски пасош“ коге веќе доаѓаа на Пелистер.
Текст и фото: С.Ристевски