Билтен

Неделен преглед: Дали Трамп ќе ја направи Европа повторно голема?

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

14 март 2025, 06:51

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп му одат на нерви на Волстрит

А во исто време стануваат корисни за европските акции

Кинески Конгрес: Како Кина ќе ги нокаутира САД?

Неделен преглед: Дали Трамп ќе ја направи Европа повторно голема?

Блумберг Адрија

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Новинар

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп му одат на нерви на Волстрит, а во исто време стануваат корисни за европските акции. Неделава што завршува беше во знакот на паниката на американските берзи, но и контрамерките што државите ги подготвуваат за да одговорат на политиките на Трамп. Канада возврати со царини за американскиот челик и алуминиум. Европа подготвува пакет што ќе ја удри американската економија. А читајќи ги изјавите, компаниите кројат планови за да се заштитат

Не им е лесно ни на милијардерите од друштвото на Трамп. Пресметавме за колку се стопи нивното богатство од моментот кога новиот претседател влезе во Белата куќа. Најмногу изгуби Маск, па сега токму Трамп ќе го спасува така што ќе купи „тесла“

Прочитајте повеќе:

Кинески Конгрес: Како Кина ќе ги нокаутира САД?

Како ќе влијаат американските царини врз цените на храната

Промени има и во Европа, која ги зголемува трошоците за одбрана. Мерц ја подготвува Германија за револуција и затоа веќе не е штедлив и рационален. Тој ќе се откаже од фискалната дисциплина за да се справи со економската криза и со војната во Украина.  

Украина, пак, се согласи на 30-дневен прекин на огнот. Трамп ја повика Русија и таа да го стори истото тоа, а Путин се согласи да се согласи, но под негови услови. 

Прочитајте повеќе:

Кои се македонските компании што имаат средства од 4,1 милијарди евра?

Под лупа: Како работеа лани компаниите од Македонската берза?

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Неделава пишувавме и за луксузните станови во Париз, каде што квадратен метар се продава за 55.000 евра, но го анализиравме и домашниот пазар на недвижности, во кој за првпат лани се свртеа над милијарда евра.  

Ниските камати се една од причините за раст на цената на становите, ни рекоа од катастарот. Другата причина била развојот на градовите. Тоа се истите градови што се наоѓаат на лидерските позиции на листите за најзагаден воздух. Неделава имаше и акција против загадувачите, кои со опасен мазут го оштетиле и буџетот.  

Прочитајте повеќе:

Македонија старее - цвета бизнисот со домови за возрасни лица

Растат земјоделските субвенции, но и увозот на храна - нешто мора да се менува

Германската економија е во криза, во која само што не влегол и спортот. Истражување спроведено лани предвидува дека месечна загуба во спортската индустрија во Германија ќе изнесува околу 307 милиони евра.  

Во криза е и Манчестер јунајтед по заминувањето на големиот Алекс Фергусон, а како еден од начините за решение на проблемите на клубот се изградба на нов стадион и напуштање на „Олд Трафорд“. Како може да се заработува од фудбал, Јунајтед може да учи од холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Меклејни.  

Овој викенд почнува новата сезона во Формула 1, затоа ви разјаснуваме како всушност заработува пари најбрзиот циркус. 

 

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите