Почина легендарниот бразилски голман

Тажни вести стигнуваат од Бразил. На 88-годишна возраст почина легендарниот голман Аилток Кореа де Аруда, познат како Манга.

Во прашање е познат бразилски голман, кој беше дел од репрезентацијата на „кариоките“ кои во 1966 година играа на Светското првенство во Англија, кога Бразил не успее да ја помине ниту групата.

Манга е познат по тоа што цела деценија бранеше за Ботафого, беше миленик на навивачите, додека со уругвајскиот тим Национал, го освои Копа Либертадорес во 1971 година.

Се вчитува...