• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Тетово повикува на јавна дебата за именување улици

Општина Тетово повикува на јавна дебата за именување улици

Тетово, 1 април 2025 (МИА) - Општина Тетово во петок ќе организира јавна дебата за граѓаните да дадат предлози за имиња на улиците. Оттаму ги повикаа да учествуваат сите граѓани, здруженија и невладини организации.

Дебатата следи откако на 10 февруари беше објавен повик, граѓаните по електронски пат да достават предлози за преименување на улици во општина Тетово и именување нови улици.

- Секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово. Заедно, отворено, транспарентно разговараме и даваме предлози, се вели во повикот на Општина Тетово.

Во август 2024 година, Советот на Тетово формираше работна група за преименување улици и именување улици чие име е определено со бројка. За оваа одлука гласаа 28 советници од 31 член.

По оваа одлука, подолг период, Сојузот на борци од Тетово бара да нема промена на имињата на улиците во ова подрачје од антифашистичкото минато на градот. ас/бд/

Фото: Општина Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан