Трамп до Иран: „Ако не склучат договор, ќе има бомбардирање!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп му запрети на Иран со бомбардирање и секундарни царини ако Техеран не постигне договор со Вашингтон во врска со својот нуклеарен програм. Во телефонско интервју за НБЦ Њус, Трамп изјави дека американските и иранските функционери разговарале, но не откри повеќе детали за разговорот.

„Ако не постигнат договор, ќе има бомбардирања. А постои и шанса да им наметнам секундарни царини, како што направив пред четири години“, изјави Трамп.

Во својот прв мандат од 2017. до 2021. година, Трамп ја повлече САД од договорот од 2015. година, склучен помеѓу Иран и светските сили, кој постави строги ограничувања во врска со спорните нуклеарни активности на Техеран, во замена за ублажување на санкциите.

Но сега, Трамп повторно воведе опсежни американски санкции, а Исламската Република од тогаш далеку ги надмина договорените граници во сеопфатниот програм за обогатување на ураниумот. Техеран досега го игнорираше предупредувањето на Трамп за потребата од постигнување договор, бидејќи во спротивно ќе се соочи со воени последици.

Иран одговори Иран преку Оман испрати одговор на писмото на Трамп, во кое го повикува Техеран да склучи нов нуклеарен договор, изјави во четвртокот иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Иранскиот претседател, Масуд Пезешкиан, повторно го одби директниот преговор со владата на американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарниот програм на својата земја.

„Одговоривме на писмото на американскиот претседател преку Оман и го отфрливме можноста за директни преговори, но сме отворени за индиректни преговори“, изјави Пезешкиан на состанокот на владата во неделата во Техеран.

Иран не се противи на преговори, изјави тој, но Соединетите Држави прво мораат да ги променат и исправат своето „лошо однесување“ од минатото и истовремено да создадат нови темели за воспоставување доверба, пренесува новинската агенција ISNA.

Западните сили обвинуваат Иран дека има таен план за развој на нуклеарно оружје, во рамките на кој обогатува ураниум до висока фисиона чистота која надминува вредностите што се оправдани за цивилни атомски енергетски програми, но Техеран тврди дека нивниот нуклеарен програм е целосно наменет за цивилни енергетски потреби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното