Потпишете ја иницијативата за враќањето на функцијата ГЛАВЕН ГРАДСКИ АРХИТЕКТ
14.03.2025 • Информации

„Почитувани архитекти
Ве известувам дека на ден 7.03.2025 година и официјално е отворена книга за подршка на иницијативата за враќање на функцијата главен архитект во градските општини во холот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Со оглед на алармантната многугодишна состојба во урбанистичкото планирање и проектирање, враќањето на оваа функција треба да биде само прв чекор во борбата против ,,инвеститорскиот урбанизам“, кој што континуирано го контаминира урбаниот простор во нашите градови.
Главниот архитект на градот ке ги координира политиките на просторниот развој и доследно ке ја спроведува нивната имплементација.
Се надеваме на широка подршка од архитектите, архитектите урбанисти и останатите колеги од техничките науки, како и граганскиот сектор.
Со особена почит
Георги А. Кочев д.и.а. “
МАРХ Македонска архитектура се приклучува на оваа иницијатива преку овозможување на online потпишување на истата.

Автор на статија: Filip Koneski
главен градски архитект / Иницијатива / ПОддршка / Собирање потписи