Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше по трагичната вест дека во Литванија се пронајдени телата на тројца исчезнати американски војници.

Во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека „молитвите и мислите се со семејствата на жртвите“ и додава дека „Албанија како и секогаш стои покрај САД“.

„Трагични вести од Литванија. Загубата на американските војници за време на неодамнешната воена вежба е болен потсетник за ризиците што ги преземаат оние што служат во армија. Нашите мисли и молитви се со нивните семејства. Како и секогаш, Албанија стои до Соединетите Американски Држави и нивниот врховен командант“, напиша Рама


Администратор
01/04/2025 03:28