Човекот кој го трејдуваше Дончиќ порачува: Го сакам Дурант во Далас

Генералниот директор на Далас Маверикс, Нико Харисон, посочи дека сака да го донесе Кевин Дурант во тимот.

Како што вели генералниот директор на Мавс, според добро информираниот Сем Емик од Атлетикс, Дурент е нивната голема желба.

Планот е Дурент да му се придружи на Кајри Ирвинг со кој веќе играше во Бруклин Нетс, како и на Ентони Дејвис кој неодамна пристигна како замена за Лука Дончиќ.

Оваа сезона Маверикс имаа многу проблеми со повредите, особено откако го испратија Дончиќ во Лејкерси и Дејвис и Ирвинг ја завршија сезоната.

Интересно е како серијата повреди ја започна повредата на Ентони Дејвис, на неговото деби во Далас по пристигнувањето од Лос Анџелес. Оттогаш, Пеј Џеј Вашингтон и Даниел Гафорд се повредени, со што ја комплетираа целата централна линија на теренот бидејќи Дерек Лајвли претходно беше недостапен.

Покрај Дејвис, тимот најмногу го погоди повредата на Кајри Ирвинг, а за Кид недостапни се и Џејден Харди, Кај Џонс и Оливер-Максенс Проспер.

Се вчитува...