Кремљ: Путин ќе донесе важна одлука

Одлуката дали да се продолжи мораториумот на нападите врз украинските и руските енергетски постројки ќе зависи од претседателот Владимир Путин и можните разговори со САД, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, пренесе агенцијата ТАСС.

„Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин“, рече Дмитриј Песков , одговарајќи на прашање дали договорот, постигнат со американско посредништво, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).

Песков тврдеше дека „ украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.

„Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното