Но, овој архипелаг во близина на Антарктикот не е единствената необична територија на списокот на Белата куќа за нови „реципрочни тарифи“. Островот Норфолк, друга австралиска прекуморска територија во Јужен Пацифик, беше погоден со царини од 29 отсто - 19 отсто повеќе од самата Австралија. Сепак, луѓе живеат во Норфолк - околу две илјади, објави Пословни.
– Со сета почит кон островот Норфолк, не сум сигурен дека тој е трговски конкурент на гигантската американска економија, но тоа само го покажува и нагласува фактот дека ниту еден дел од светот не е изземен од американските царини – изјави австралискиот премиер Ентони Албанес.
Американскиот медиум Политико ја праша Белата куќа зошто дури и овие острови се ставени на списокот - одговорот беше дека причината е тоа што се австралиски територии.
На списокот на погодени територии се најдоа и други изолирани места - австралиската територија Божиќен остров, потоа британската територија на Индискиот Океан, архипелаг од 58 острови под управа на Лондон, кој е ненаселен, освен островот Диего Гарсија, каде се наоѓа американско-британската воена база.
Меѓу „малите цели“ на економската политика на Трамп се Токелау во јужниот дел на Тихиот Океан (територија на Нов Зеланд со 1.500 жители), норвешкиот архипелаг Свалбард со 2.500 жители и вулканскиот остров Јан Мајен, каде што никој не живее постојано, освен 18-те членови на Норвешката истражувака служба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата