Невладините се злото на државата

25.03.2025 03:05
Невладините се злото на државата

Македонија е најзагадена држава во Европа.

Со најлошо образование.

Со најлошо здравство.

Со најголема корупција.

Со најмал број библиотеки.

Со најнесреќно население.

Со најскапа струја.

Со најниски плати.

Не бре. Не ни требаат протести.

Тоа шарените ги манипулираат граѓаните.

Платениците од невладините организации.

Оние кои скршија еден џам на измислената канцеларија за млади на Иванов и кои фрлија боја по зградите.

Тие се виновни за загаденоста и лошото образование и лошото здравство и за корупцијата и за недостатокот на библиотеки и за несреќата на населението и за скапата струја и за ниските плати.

Не знам како ама тие се виновни.

И се напукаа со пари.

Не криминалците кои се нарекуваат бизнисмени. Не градоначалниците, пратениците, министрите, премиерите и секоја будала која ќе зграпчи некоја функција.

Не. Невладините.

Ене ги сите активисти од невладиниот сектор со по неколку фабрики, хидроцентрали, хотели, десетици станови и по неколку помали и поголеми бизниси. Сите се возат во џипови и прават луди журки. Не Мијалков, не Груевски, не Мицковски, не Бујар, не Груби, не Ковачевски, не Заев, не Љубчо, не Али, не Ѕинго не Бранко наш голем маж, не...

Оние невладините.

Тие се злото на државата кое ја влече наназад.

Тие ги купуваат медиумите и тие ги кројат законите и тие земаат дневници од државата и тие даваат тендери. Дај да ги затвориме сите невладини и да видите како ќе процвета државата.

Слики: The Royal Art Lodge