Промоција на "Антологија на иднината" во Градската библиотека во Скопје

24 јуни 2024

На 25-ти јуни (вторник), во 19:00 часот, во дворот на ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци", ќе се одржи промоција на изданието "Антологија на иднината" – избор творби од работилницата за креативно пишување, одржана минатата година.

"Антологија на иднината" содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од Градската библиотека во Скопје. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието. Автор на корицата е еден од учесниците - Борис Дебси, лектор е Денис Бојаров, а техничката обработка е на Јованчо Димоски. Книгата е поддржана од Град Скопје.

Објавувањето на "Антологија на иднината" како дел од издавачката дејност на Градската библиотека во Скопје е заокружување на целиот процес, што тргнува од премисата институицијата да биде повторно атрактивно место за младите креативци, подвлекува во предговорот директорката, Снежана Стојчевска.

Објавено:
24 јуни 2024
Категорија: 
Култура