logo
logo
logo

Во Германија голема потера по убиец, полицијата трага и со хеликоптер: Не му приоѓајте!

Vecer | 31.01.2025

Во Германија голема потера по убиец, полицијата трага и со хеликоптер: Не му приоѓајте!

Доминик Шанк (28) се смета за вооружен и опасен, а полицијата ги предупредува луѓето да не му приоѓаат и да не зборуваат со него.

Според Билд, вчера во стан во Гент избила брутална расправија меѓу Доминик и неговата поранешна девојка.

Итните служби го примиле повикот околу 16 часот, но се уште не се знае кој ги повикал.

Но, спасувачите повеќе не можеле да ѝ помогнат на младата жена.

„Дваесетгодишната девојка беше тешко повредена и им подлегна на повредите и покрај преземените итни мерки“, објаснува портпаролката на полицијата, Џесика Шмит.

Додека докторката од итната медицинска помош се борела за нејзиниот живот, полицијата го барала Доминик Шенк, кој избегал, па дури користеле и хеликоптер.

„Осомничениот убиец се сокри. Оттука и јавната потрага и барањето информации“, изјави портпаролката на полицијата за Билд.

Сведоците кои ќе го препознаат бегалецот или ќе знаат каде се наоѓа треба да се држат настрана и веднаш да повикаат полиција.

„Не му приоѓајте сами, бараниот можеби е вооружен!“, предупреди полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk