• Мартин Танасковски
Македонската репрезентативка Ана Милчевска ја чека подолга пауза затоа што мораше да направи операција по тешка повреда.
Милчевска, која е родена во 2003 година и настапува за актуелниот шампион на Грузија, доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото. Мораше да направи операција, поради која ја чека повеќемесечна пауза.
Се очекува Милчевска да се врати за стартот на новата сезона во Грузија доколку се оди во најдобар ред. Дефанзивката ќе ги пропушти и репрезентативните активности за оваа година.