• Мартин Танасковски

Нема веќе дилеми, познати се сите учесници во плеј-офот во кошаркарскиот шампионат на Македонија, откако Феникс 2010 славеше над Шкупи во последната четвртина (85-81) и така стана последниот тим во разигрувањето.
Најмногу може да жали Тиквеш, кој чекаше услуга од Шкупи, ама не ја доби. Чаирчани водеа цела средба, но се се распадна во последните десет минути кога екипата на Дервишевиќ си ја заврши задачата и ја грабна позицијата број осум која води во серијата на МЗТ Скопје.
- Плеј-оф во Првата лига:
(1) МЗТ Скопје - Феникс 2010 (8)
(2) ТФТ Скопје - Чаир 2030 (7)
(3) Работнички - Пелистер (6)
(4) МКК Куманово - Кожув (5)
Плеј-оф рундите во македонската кошарка од оваа сезона се играат до три победи, за разлика од претходно кога првиот филтер се играше на две добиени. Првите две средби од серијата се играат кај домаќините, потоа следат две средби кај вторите екипи, а за евентуалната „мајсторка“ предност имаат екипите од првото до четвртото место.