26.04.2025 19:43
Вести Македонија

УСС бара пратениците да ги изгласаат измените на Законот за студентски оброк

Универзитетеското студентско собрание (УСС) при УКИМ бара пратениците во Собранието да ги изгласаат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со измените е проширен опфатот за 4.000 нови студенти кои ќе добиваат студентски оброк од 140 денари дневно или 840 денари неделно. Се работи за категориите студенти во редовен работен однос, индивидуални земјоделци или тие што студираат на втор циклус студии, кажа претседателот на УСС, Александар Николовски.

Според него, измените на Законот за субвенциониран студентски оброк ќе влезат во Законот за студентски стандард, кој што е во фаза на подготовка и во кој од УСС предложиле поволности и за студентски превоз.

„УСС преку Националното студентско тело изгласа и донесе одлука за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со него се проширува опсегот на мерката за нови 4000 студенти. Со оваа измена се тргаат оние услови кои што беа за студентите да се во редовен работен однос и да се регистрирани како индивидуални земјоделци. Со тоа овие студенти ќе можат да аплицираат за мерката. И дополнително, студентите кои што се на втор циклус студии, на интегрирани студии, ќе можат да аплицираат за субвенциониран студентски оброк. УСС испраќа апел до пратениците од сите политички субјекти да гласаат на денешната седница за овие измени, со цел да се подигне студентскиот стандард за нови 4000 студенти“, кажа Александар Николовски, претседател на УСС при УКИМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе