Возачот на училишен автобус, кој се судри во Франција бил дрогиран- загина девојче

30. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Возачот на училишен автобус, кој се судри во Франција бил дрогиран- загина девојче

Според француските медиуми, полицијата од тестот на плунка утврдила дека возачот на училишниот автобус бил под дејство на дрога и се сомнева дека тоа можеби влијаело на исходот на овој трагичен настан.

Не се знае дали на мажот му било нарушено расудувањето и дали тоа е причината за несреќата, поради што ќе му бидат извршени дополнителни прегледи.

Тестот за плунката е неверодостоен бидејќи немал временска ознака во однос на датумот и времето на земање на наркотикот.

За потсетување, во несреќата загина 15-годишното девојче Јохана, а најмалку 40 лица се повредени. Училишен автобус во кој се превезувале средношколци се превртел утрово во 7 часот и 40 минути.

На местото на несреќата веднаш се распоредени пожарникари и медицински екипи.

Министерката за образование Елизабет Борн изрази сочувство до семејството на починатата средношколка, нагласувајќи дека ќе го следи развојот на здравствената состојба на повредените.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата