Барселона се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите, но не им беше лесно во Дортмунд каде домаќините до крајот се обидуваа да ја анулираат вкупната негатива.
Борусија Дортмунд го доби мечот со 3-1, но имаше многу шанси да постигне уште голови, два и даде, но тие им беа поништени поради офсајд.
Единствениот погодок кој Барса вчера го постигна беше автогол. Па, каталонците се тресеа до крај, но сепак поминаа.
„Овој меч може да биде добра лекција за сите наши млади фудбалери“, вели Левандовски.
„Лигата на шампиони е Лига на шампиони и секогаш мора да бидете подготвени, не 90%, не 95%, туку 100%“.