За состојбата со говорот на омраза во Северна Македонија, денеска ќе се дискутира во рамки на проектот „Борба против говорот на омраза во Република Северна Македонија“, организиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, поддржан од Советот на Европа.
– Говорот на омраза како малигна општествена појава, е мошне присутен во јавниот дискурс во Република Северна Македонија. Постојаното видоизменување на оваа појава и проникнувањето во бројните сфери од општествениот живот бараат адекватно приспособување, како и на правниот систем, така и при реакциите од страната на институциите, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Подигнувањето на општествената и колективната свест во борбата против говорот на омраза, се додава, се недоволни без силна законска рамка и ефикасна имплементација од страна на институтциите.
– За ефективно подигнување на свеста кај јавноста, неопходно е споделувањето и пренесувањето на искуствата и знаењата на експертите кои што работат во полето на говор на омраза, се подвлекува во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права.