logo
logo
logo

Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре

Vecer | 01.02.2025

Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре

„Затоа тргнаа однадвор во напад врз Србија, поддржани од многумина одвнатре кои со години се обидуваат да ја освојат власта, некогаш на избори, некогаш без избори, но не успеваат затоа што народот не ги сака“, им порача Вучиќ на собраните граѓани во Брус.

Тој нагласи дека „државата Србија се однесува толерантно, трпеливо, на сите им нуди разговори“ и дека и денеска нуди разговори и дијалог.

„Оној момент кога некој ќе помисли дека ќе употреби насилство за да ја преземе власта, државата ќе се однесува како држава како и секаде во светот“, рече Вучиќ.

Тој им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи „земјата Србија не е грст овес што ќе ја јадат сите“, дека, како што рече, ќе го зачуваме мирот и стабилноста и дека Србија ќе оди напред и ќе расте./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk