Република „ВМРО-ДПМНЕ зборува“

Атанасовска: Општинската власт во Велес продолжува да работи посветено и енергично

-Продолжуваме со едукација мотивирање и создавање на можности за жените, една од нашите цели е што поголем број на жени во политиката со овој пат ќе го продолжиме со енергија храброст и посветеност во наредниот период, заклучи Атанасовска.

Атанасовска: Општинската власт во Велес продолжува да работи посветено и енергично

На вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува – Унија на жени“, насловен ,,Жените во политиката, борба за глас, простор и влијание“, гостуваше Весна Атанасовска, член на ИК на Унија на жени и претседателка на Унија на жени на ОК Велес. Таа ја истакна важноста на жените и нагласи дека успехот е возможен благодарение на поддршката од родово сензитивни мажи. Атанасовска исто така напомена дека бариерите што жените ги среќаваат во политиката како дискриминација и недостаток на менторска поддршка, и потенцираше дека жените нудат поинаков и транспарентен пристап во решавањето на проблемите. Таа притоа најави дека ќе продолжат со едукација и мотивирање на жените, со цел да ја зголемат нивната видливост и присутност во политиката.

Атанасовска најпрво нагласи дека во разговор со д-р Марија Јорданова било потенцирано колку процесот бил тежок и предизвикувачки во формирање на една ваква структура на ниво на целата партија. Меѓутоа, таа додаде и дека вербата може да се организира една функционална структура била силна иако таа формално постоела во статутот на партијата, во реалноста општинските комитети се уште не биле изградени и формирани.

-Тим на храбри жени во општинскиот комитет во Велес, но ова е многу битно кое што сакам да го истакнам, без родово сензитивни мажи немаше да успееме да го формираме првиот општински комитет на Унијата на жени, со кое што апсолутно добивме и поддршка од тогашниот претседател на партијата, и тогашните членови на ИК, па така на 21 ноември 1997 година во тогашниот пензионерски дом се ставени темелите на Унијата на жени, а со тоа и формиран првиот општински комитет, вели Атанасовска.

Атанасовска нагласи дека е особено горда што Унијата на жени била основана во Велес, што ја носи не само признанието, туку и голема одговорност. Таа истакна дека продолжувањето на овој пат е клучно за постигнување поголем успех и видливост. Според неа, жените можат да бидат столбови на семејството, а истовремено успешни лидери во институции и насекаде каде што се ангажирани.

-Кога жените се занимаваат со политика тие се носители на еден поинаков пристап во решавањето на проблемите. Тие проблеми се решаваат на еден транспарентен начин и секогаш имаат успех, ако погледнете некои истражувања ќе дојдеме до заклучок дека онаму каде што жените ги раководат со институции има помалку корупција, напомена Атанасовска.

Во контекст на работата на територија на општина Велес, Атанасовска објасни дека се реализирани бројни активности кои доведоа до значајно подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

-Како членови на советот на општина Велес донесовме три развојни програми. Тоа се реконструкција на улиците околу градскиот пазар, втората развојна програма е продолжување на кејот на реката Вардар и реконструкција на многу улици. Реконструиравме многу детски катчиња во градот и околните села, се вложи во основните и средните училишта, училишни клупи столчиња, истакна Атанасовска.

На крајот од емисијата, Атанасовска нагласи дека имаат намера да продолжат со едукација, мотивирање и создавање на нови можности за жените, додавајќи дека тие ќе се борат храбро, со енергија и целосна посветеност.

-Продолжуваме со едукација мотивирање и создавање на можности за жените, една од нашите цели е што поголем број на жени во политиката со овој пат ќе го продолжиме со енергија храброст и посветеност во наредниот период, заклучи Атанасовска.

Најнови вести од Република

To top