Црна хроника
Измамена 79-годишна скопјанка: и се јавил лажен лекар од Бугарија, барал пари и злато за операција на ќерка и

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 216.949 денари и златен накит.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар од Република Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати.
Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец најден починат во Центар

Синоќа во 22 часот било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат М.К.(39) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош Скопје констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Вработен нападнал дете пред влезот на основното училиште во Чаир

Мајка на ученичка во основно училиште во Чаир, пријавила во МВР дека нејзината ќерка била нападната.
„На 10.04.2025 во 23.10 часот во СВР Скопје Ќ.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот пред влез на општинско основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно вработено лице од училиштето“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
За еден ден со автомобили удрени тројца пешаци, едниот од возачите побегнал

Тројца пешаци биле удрени од автомобило во текот на вчерашниот ден во Скопје, Неготино и Кавадарци.
Во 9 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Владимир Комаров и Бојмија во Скопје, „цитроен“ управуван од 20-годишната С.А. од Скопје, удрил во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци кој е тешко повреден.
Во 14.45 часот било пријавено дека на крстосницата со улицата Никола Петров и Маршал Тито во Неготино, автомобил „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.У.(24) од селото Пепелиште, неготинско, удрило во пешакот М.И.(76) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Во 20.15 часот било пријавено дека на улицата Ресавска во Кавадарци, автомобил удрил во 33-годишната Х.И. од овој град, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен е увид во трите несреќи.