Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ќе врши увид на активностите за изградба на речното корито на водотекот Голем дол во село Оризари, општина Липково.
Изградбата на речното корито на водотекот Голем дол во село Оризари, соопштија од кабинетот на Меџити, се реализира со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 15 милиони денари.
Вкупна должина на заштитните сидови е 830 метри а висината на sидовите 1,4 метри, и има за цел спречување на поплави и обезбедува подобро управување со водите.