За Лестер дебитираше 15-годишник, и не носеше ист дрес како останатите соиграчи

Лестер Сити убедливо загуби од Њукасл со 0:3 во 31. коло од англиската Премиер лига и се наоѓа на прагот на испаѓање од англиската Премиер лига. Имаат само 17 бода, 15 бода оддалечени од сигурната зона и им треба вистинско чудо за да останат во елитното друштво.

На полувремето веќе беше завршено, Џејкоб Марфи (2 и 11) и Харви Барнс (34) погодија, а кога тренерот на Лестер, Руд ван Нистелрој виде дека нема време за никаков кам-бек, реши да му даде шанса на 15-годишник.

Излезе Билал Ел Канус, а влезе Џереми Монга. Ги доби последните 15 минути, а сите забележаа дека нема ист дрес како неговите соиграчи.

Според правилата на англискиот фудбал, малолетниците не смеат да носат дрес кој рекламира коцкање, а една таква платформа има и на дресот на Лестер, затоа тој имаше различен дрес.

Сепак, Монга не е најмладиот дебитант во Премиерлигата. Тој „епитет“ му припаѓа на играчот на Арсенал, Етан Нванери кој дебитираше во првенството со 15 години и 181 ден. Монга има 15 години и 271 ден.

Се вчитува...