Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, јануари 2025 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 1.4 %, а на годишно ниво за 6.9 %.

Во јануари 2025, во споредба со декември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.6 %, a повисоки во секторот

Преработувачка индустрија 1.2 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.8 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.9 %.

Во јануари 2025, во споредба со јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 15.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 6.1 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17.4 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 17 март 2025

BiznisPRO

Македонија2025 ја обликува иднината на Македонија – поддржани над 100 бизниси и 1.680 лидери и таленти

BiznisPRO

Вртогалви трошоци за живот: Германија стана СТРАШНО СКАПА за сите работници, трошоците за живот во Македонија пониски за половина од тие во Германија

BiznisPRO