Ракомет

Ракометарките избегнаа убедлив пораз и останаа во игра за мундијалот

Ракометарките избегнаа убедлив пораз и останаа во игра за мундијалот

Женската ракометна репрезентација ризикуваше да остане без шанси за пласман на Светско првенство уште по првиот бараж меч против Полска, но завршницата од мечот во Кошалин донесе огромна пожртвуваност и храбра игра од избраничките на Грчевски, која направи да претрпиме далеку поприфатлив пораз.

Полска како фаворит на хартија го диктираше темпото од самиот старт и водеше во текот на сите 60 минути, но најкритично беше во последната третина од  крајот кога домаќините дојдоа до предност од 22:12.

Двоцифрената разлика изгледаше погубно во тие моменти, но тоа како да ги мотивираше македонските девојки да го дадат најдоброто од себе кога веќе немаат што да загубат.

Македонија не прими гол речиси 12 минути во самата завршница и направи серија од 6:0, па така се избори за далеку поприфатливи 22:18 кои ветуваат и неизвесен реванш.

Вториот натпревар од баражот за Светско првенство се игра во сабота во 19:00 часот во Битола, а салата „Боро Чурлевски“ ќе треба да им помогне на нашите девојки да изборат прв мундијал по пауза од 18 години.

To top