Македонија
Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, кој е во притвор поради лиценцата на дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Oсмани на социјалните мрежу напиша дека Бајрам е свет празник кој симболизира милост, единство, поддршка, дарежливост и благодарност, но пред сè, нè потсетува на нашата издржливост да се соочиме со животните предизвици, учејќи не на трпение и зрелост.
„Денеска е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку и целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка.Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашите семејства, туку затоа што е неправедно обвинет и уште понеправедно одвоен од семејството. Крешник е силен, храбар и пред се праведен човек – затоа го очекуваме наскоро да се врати кај нас“, напиша Османи.
Бектеши во моментов се наоѓа во 30-дневен притвор.
Поктај Бектеши, од Министерството за економија осомничени сеи поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментот работат во Министерството, но на други раководни позиции. Според истрагата, сите тие со неизвршување на своите службени должности, што биле правно должни да ги извршат, не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на фирмата која не ги исполнувала пропишаните услови и начин за вршење угостителска дејност и во повеќе наврати со лиценци му овозможиле на сопственикот на „Пулс“ во Кочани вршење угостителска дејност – кабаре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Маркетите, аптеките, продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на Интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на своите веб страници.
Оваа обврска произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите што стапуваат во сила в петок..
Како што е наведено во Правилникот, трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот. Секое непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат.
Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на веб страницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.
Измените во Законот за заштита на потрошувачите се очекува да обезбедува транспрентност, но и можност на купувачите да одлучат од каде ќе купуваат.
Македонија
Завршува грејната сезона

Регулаторната комисија за енергетика информира дека денес, 15 април, завршува грејната сезона и почнува т.н. преоден период, кој трае до 30 април.
Од утре, па сè до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, снабдувачот е должен во грејните простории, во времето од 6 до 22 часот во текот на денот, да обезбеди температура на греење од 20+1 Целзиусови степени.
Означувањето на крајот на грејната сезона е во согласност со правилата за снабдување со топлинска енергија и тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.
Македонија
„Паничните испади на Тошковски на ‘Фејсбук’ само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани“, велат од СДСМ

„Паничните постови во кои Тошковски ѝ држи лекции на опозицијата да не го критикува, се ништо друго туку доказ за одговорноста што тој и неговите началници ја имаат за Кочани. Тошковски многу добро знае дека, покрај моралната, постои и кривична одговорност кај неговите началници против кои не се водат постапки. Добро знае дека има одговорност и кај низа други актуелни функционери против кои, исто така, воопшто не се водат постапки“, велат од СДСМ.
„Тошковски стигна до 2012 година барајќи виновници, но никако не сака да ги види одговорните кои му се пред носот. Правда за Кочани нема да има ако оние кои вечерта можеле да ја спречат трагедијата, а не го направиле тоа, не одговараат.
Патетични се изјавите на Тошковски кој прашува каде биле Артан Груби и Перпарим Бајрами. Па токму тој ги пушти да избегаат. До кога ќе глуми опозиција? Откако е на власт повеќе од една година, Тошковски има само скандали – со избегани терористи и челници на ДУИ.
Тошковски имаше шанса да биде херој, да го смени системот со тоа што ќе обезбедеше неселективна правда. Но, наместо тоа, реши да биде трагичар и да долее сол на раната на луѓето и семејствата од Кочани.
Бркање вештерки од минатото и селективна истрага не е правда за Кочани. Со ова, Тошковски докажа дека тој е системот против кој се борат граѓаните“, соопшти СДСМ.