Мицкоски: Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни

Од:

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.

Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на патот за развој на земјата.

Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.

„Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни“, истакна Мицкоски на средбата.

Соговорниците се договорија да се формираат работни групи кои ќе разговараат за реформските законски решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

(ВИДЕО) Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

Горан Наумовски

Кога сме раздвоени, кога сме поделени, тогаш сме лесен плен за предаторите, рече Мицкоски на 34 години од формирањето на УМС

Мицкоски: Никој нема да биде поштеден за Ласкарци, Беса Транс и за модуларната болница во Тетово

Горан Наумовски

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски