27 Февруари, 2025
0.0671

„Основниот кривичен суд Скопје му изрече воспитна мерка - упатување во воспитно поправен дом“: ОЈО со детали за тужбите и пресудите против возачот кој ја усмрти Фросина

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По бурните реакции во јавноста заради смртта на младата Фросина Кулакова, и барањето на јавноста да се објават податоци за младиот возач, за кој низ медиумите се проширија сведочења дека веќе имал криминално досие и дека се воделе судски постапки, утрово со детали се огласија од Основното јавно обивинителство. 

Против лицето МВР поднело кривична пријава на 30.03.2024 година за член 215 од Кривичниот законик. 

 УШТЕ ИСТИОТ ДЕН јавен обвинител донел Наредба за поведување истражна постапка против осомничениот и предлог за притвор, за што обвинителството тогаш веднаш ја извести јавноста. 

Осомничениот станал достапен на органите на прогонот од 02.04.2024 година и веднаш започнал да ја издржува мерката притвор. Истрагата е завршена за помалку од 2 месеци и на 21.05.2024 година јавниот обвинител поднесе обвинителен акт при што побарал и продолжување на мерката притвор. 

И тој предлог е прифатен и на лицето му е продолжен притворот се до 31.07.2024 година кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда - решение со кое го огласи за виновен и му изрече воспитна мерка - упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укина притворската мерка. 

На 30.09.2024 година јавниот обвинител незадоволен од пресудата вложи жалба и предметот се уште е во жалбена постапка. Жалбата е во однос на воспитната мерка, бидејќи во однос на притворот жалба не е дозволена со оглед на тоа дека не е изречена казна туку воспитна мерка. 

Против истото лице до обвинителството е поднесена само уште една пријава на 01.02.2023 година за кривично дело од член 297 за сообраќајна незгода случена на 04.11.2022 година во која едно лице се здобило со полесни повреди. 

Јавниот обвинител спровел постапка и со изјавена согласност на оштетената донел Решение со кое не се презема кривично гонење согласно чл.43 од ЗКП, а осомничениот се согласил да постапи по напатствијата на јавниот обвинител и да уплати паричен износ од 18.000 денари во корист на Буџетот на РСМ. 

Освен ова МВР повело и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави за лицето не се поднесени во јавното обвинителство - пишува во соопштението на ОЈО. 

Инаку како што веќе објавивме 20-годишниот возач В.Ј., кој ја усмрти Фросина возел пијан и без возачка дозвола, со огромна брзина поминал на црвено светло додека девојката го поминувала булеварот на пешачки премин. На возачот му беше одреден притвор од 30 дена. 

Поради трагичната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која беше прегазена и загина 22-годишната Фросина Кулакова, на социјалните мрежи се споделуваат повици за протест кој ќе се одржи денеска.

Според објавите, се повикува на протестен собир и блокада на булеварот, во знак на револт против дивеењето на возачите и небезбедноста на улиците. Во најавите, кои немаат конкретен организатор, се споменува дека протестот ќе започне во 13 часот и се повикуваат граѓаните спонтано да се соберат пред пекарата „Силбо“, каде се случи трагичната несреќа.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Видете што ќе се случи за неколку месеци, а ако грешам, ќе се извинам

МИЦКОСКИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Видете што ќе се случи за неколку месеци, а ако грешам, ќе се извинам

„Дадовме шанса, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици, друго не видовме“: Мицкоски за Коцевски

„Дадовме шанса, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици, друго не видовме“: Мицкоски за Коцевски

Пациент почина од грип на Пулмологија

Пациент почина од грип на Пулмологија

БРОЈОТ НА РОДЕНИ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАМАЛИЛ - и понатаму има повеќе умрени, но има раст и кај разведените

БРОЈОТ НА РОДЕНИ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАМАЛИЛ - и понатаму има повеќе умрени, но има раст и кај разведените

ЛИЧНОСТ СО БОГАТО ПОРТФОЛИО НА МОРАЛНИ КОМПРОМИСИ: Дурловски со реакција за апсењето на Соколов

ЛИЧНОСТ СО БОГАТО ПОРТФОЛИО НА МОРАЛНИ КОМПРОМИСИ: Дурловски со реакција за апсењето на Соколов

Мицкоски: Молиме да дојдат нови работници во администрацијата, не сакаат

Мицкоски: Молиме да дојдат нови работници во администрацијата, не сакаат

АМБАСАДОРИТЕ НЕ СЕ ОТПОВИКАНИ, ИМ ЗАВРШУВА МАНДАТОТ: МНР појаснува дека е редовна процедура

АМБАСАДОРИТЕ НЕ СЕ ОТПОВИКАНИ, ИМ ЗАВРШУВА МАНДАТОТ: МНР појаснува дека е редовна процедура

КАКВО МЕСО ЈАДЕМЕ? - Агенцијата за храна и ветеринарство „улови“ и уништи 2.000 килограми небезбедно замрзнато пилешко од Полска

КАКВО МЕСО ЈАДЕМЕ? - Агенцијата за храна и ветеринарство „улови“ и уништи 2.000 килограми небезбедно замрзнато пилешко од Полска

СИМНЕТЕ АПЛИКАЦИЈА „МОЕ ЗДРАВЈЕ“, И ПОВТОРНО НИШТО НЕ Е ВО РЕД: Матичните лекари бараат начини да им помогнат на пациентите со верификувањето

СИМНЕТЕ АПЛИКАЦИЈА „МОЕ ЗДРАВЈЕ“, И ПОВТОРНО НИШТО НЕ Е ВО РЕД: Матичните лекари бараат начини да им помогнат на пациентите со верификувањето