logo
logo
logo

Трамп ноќеска ѝ воведува царини на Кина од 104%

Vecer | 08.04.2025

Трамп ноќеска ѝ воведува царини на Кина од 104%

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит потврди дека дополнителните царини од 50 отсто за кинеските производи ќе стапат на сила вечерва во 12:01 часот по EST или во 6 часот по наше време.

„Тарифите стапуваат на сила вечерва во 12:01 часот. Така, всушност, утре“, рече Левит, на прашањето дали ќе се изврши заканата на претседателот Доналд Трамп за Кина.

Пораката на Трамп до Кина

На дополнително прашање за евентуален договор со кинескиот претседател Си Џинпинг, Левит рече:

„Претседателот верува дека Кина сака договор со САД. Кина мора да постигне договор со САД“.

„Не беше погрешно да возвратат. Кога Америка ќе биде погодена, таа возвраќа посилно“, рече таа.

Ескалација на трговската војна

Минатата среда, Трамп објави дополнителна царина од 34 отсто за целиот кинески увоз, со што вкупните царини се над 54 отсто.

Кина тогаш одговори со воведување контратарифи од 34 отсто за американските стоки.

Трамп потоа предупреди дека ќе додаде уште 50 отсто од тарифите доколку Кина не ги повлече контрамерките до денес. Кина не го стори тоа, така што вкупната царинска стапка за кинески увоз во САД сега ќе биде 104 проценти.

Кина денеска соопшти дека нема да попушти пред ултиматумот на Трамп да се откаже од реципрочните мерки за првичните дополнителни царини на Трамп од 34 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk