logo
logo
logo

Белгиските власти растурија кинеска мрежа на проституција во Брисел- уапсени седум Кинези

Vecer | 10.04.2025

Белгиските власти растурија кинеска мрежа на проституција во Брисел- уапсени седум Кинези

Обвинителството соопшти дека групата сексуално експлоатирала околу 30 кинески жени во Брисел, пренесе Ројтерс.

Иако активностите на групата биле главно фокусирани на бриселската област, жртвите работеле на 16 локации низ земјата.

Жртвите, сите кинески државјани, редовно ги менувале работните места.

„Федералната полиција во Брисел стави крај на криминалните активности на наводната група кинески сторители кои се занимавале со сексуална експлоатација на жени, исто така од Кина. Жртвите работеле во приватна проституција, во различни делови на земјата“, соопшти обвинителството.

Обвинителството додаде дека на 20 март биле извршени 16 претреси, а седуммина осомничени биле уапсени.

Истрагата покажала дека некои од уапсените жени во Белгија биле познати и дека работеле и во Холандија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk