Финансии / Банкарство

ФЕД СО НЕТО ЗАГУБА ВО 2024 ГОДИНА

22.03.2025

Федералните резерви на Соединетите држави (ФЕД) објавија оперативна загуба од 77,6 милијарди долари во 2024 година, втора последователна година на загуба.

Според соопштението на банката во петокот, вредноста е намалена во однос на минатогодишната загуба од 114,3 милијарди долари. ФЕД последен пат оствари нето добивка во 2022 година со добивка од 58,8 милијарди долари.

Каматните расходи на банката се намалија  на 226,8 милијарди долари минатата година од 281,1 милијарди долари во 2023 година. Приходите од камати исто така се намалија  на 158,8 милијарди долари во 2024 година од 174,5 милијарди долари претходната година.

Загубите беа предизвикани од пандемијата со Ковид-19, проследена со зголемување на каматните стапки во 2022 и 2023 година за да се спречи растечката инфлација.

Како што се очекуваше, ФЕД ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,50 отсто, пренесува Бизнис.рс.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО