logo
logo
logo

ОН: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

Vecer | 04.04.2025

ОН: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

До 2033 година, вредноста на глобалниот пазар на вештачка интелигенција (ВИ) ќе порасне приближно 25 пати и ќе достигне 4,8 трилиони долари, што е приближно колку германската економија, а само технологиите за вештачка интелигенција ќе влијаат на 40 отсто од работните места ширум светот, се вели во новиот извештај на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

Според извештајот, ширењето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста на трудот, но може да доведе и до значително зголемување на нееднаквоста меѓу развиените и земјите во развој.

- Автоматизацијата поврзана со вештачката интелигенција често ја зајакнува предноста на капиталот над работната сила, што може да ја зголеми нееднаквоста и да ја намали конкурентската предност на евтината работна сила во земјите во развој, додава УНКТАД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk