Основното јавно обвинителство Прилеп отвори предистражна постапка поради сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, поврзано со финансиското работење на локалната болница.
Во рамки на постапката, издадени се наредби за претрес на осум различни локации, кои се спроведуваат од страна на Управата за финансиска полиција. Целта е прибирање на релевантни докази што ќе го расветлат случајот.
Од Обвинителството информираат дека по завршување на претресите, истрагата ќе продолжи со дополнителни дејствија за обезбедување материјални и вербални докази.