Press "Enter" to skip to content

Нови правила на стадионот “Петар Милошевски“, влезница 150 денари, нема влез со шишиња, сончоглед, семки и слично

На два дена пред почетокот на пролетниот дел од Првата фудбалска лига, Пелистер од Битола преку соопшрение се обрати до љубителите на фудбалот од Битола кое се однесува на влезниците и “кучниот ред“ за публиката. Во соопштението стои:

-Почитувани,

Ве известуваме дека карти за натпреварот за во недела (Пелистер-Брера), се достапни за продажба на сите локации на Димпо Тобако. Карти ќе се продаваат и на билетарница на денот на натпреварот.

-Цена на обична влезница изнесува 150 денари.

-Цена на сезонска влезница изнесува 1000 денари.

НАПОМЕНА: Во договор со ФФМ, одлучено е дека нема да биде дозволено влез со било каков тип на шишиња, како и влез со сончоглед, семки и сл.

Ве очекуваме!